Маричиќ против изборот на јавен обвинител по предлог на опозицијата

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска го одби барањето јавниот обвинител да се бира по предлог на опозицијата затоа што обвинителот треба да се бира со политички договор.

Маричиќ вели дека изборот на јавен обвинител е уставна категорија и за тоа да се промени потребно е менување на Уставот.

Тој смета дека земјата има добар јавен обвинител и тој може да ја заврши работата.

– Нашиот принцип е политиката да биде што подалеку од овие процеси, истакна Маричиќ.

Според него, приоритети на владата се зајакнувањето на независноста на судството, филтрирањето на правосуството, зајакнувањето на борбата против високата корупција, и постапувањето во случаите за високата корупција, како и нивен мониторинг.

Total
0
Shares
Поврзани објави