Не разговаравме за мотивот. Љубомора… Не би знаела друго зошто, рече мајката на убиениот Пиno Секондо, Маја Трпковска, која денеска беше во обвинителството да даде исказ. Таа поради преголема возбуда повторно ќе дојде во обвинителството да продолжи со исказот.

Се пожали на односот на полицијата додека го барала нејзиниот син велејќи дека ѝ спуштале телефони и ѝ велеле да не замара.

Пино на 11 декември 2018 година беше пријавен за исчезнат. На 29 април граѓанин пријавил во полиција дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења, а еден месец подоцна, во петокот беше обелоденето оти надлежните го утврдиле неговиот идентитет. Девојка и момче се осомничени за убиство. Девојката е во притвор , момчето во бегство.