Љубе во затворот чувствувал срам, Мијалков праша дали оти бил фатен со 100 000 евра

На денешното рочиште за случајот „Тортура“ сведочи затворскиот психијатар Мирко Треневски, кој зборуваше за психичката состојба на Љубе Бошкоски, по неговото апсење во 2011 година за случајот „Кампања“.

Психијатарот образложи дека Бошкоски по апсењето се чувствувал депресивно, вознемирено, а чувствувал и срам.

Обвинетиот Сашо Мијалков го праша докторот дали чуството на срам кај Бошкоски било поради тоа што бил фатен со поткуп, односно со 100.000 евра.

-И мене да ме фатат со 100.000 евра би се срамел и јас, искоментира Мијалков, појаснувајќи го прашањето.

Психијатарот истакна дека Бошкоски чуствувал срам од целокупниот настан, односно и од самото апсење и приведување.

Во овој случај Мијалков и уште неколку полициски службеници се гонат за тортура при апсење на Бошкоски во 2011 година кога беше обвинет и суден за примање мито за случајот Кампања.

Total
0
Shares
Поврзани објави