Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова. во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Стефанова повтори дека сите документи за притвор и решенијата во случајот „Империја“ ги потпишувала Катица Јанева.