Лиле Стефанова со активности за скрининг на правосудството – одложено судењето за изборни нерегуларности против Груевски, Димовски, Бришковска и други

Денешното рочиште за предметот Титаник се одложи поради отсуство на обвинителката Лиле Стефанова. Таа го известила Судот дека денеска имала состаноци со оценската мисија на ЕУ која е во земјава и прави скрининг на состојбите во правосудството.

Освен Стефанова во судница не се појави ниту адвокатката по службена должност на бегалецот Никола Груевски, кој е во Будимпешта. И таа известила дека има други обврски.

Во „Титаник“ за изборни нерегуларности, покрај Груевски обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и други.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Катица го тужи Боки

Судскиот совет денеска одби дел од доказите доставени од обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како…