На денешното рочиште на случајот „Рекет“ сведочи поранешата обвинителка од СЈО, Лиле Стефанова.

Таа истакна дека не е во добри односи со Катица Јанева и оти предметот „Империја“ го почнале од прислушуваните разговори и од други докази. Во нив имало експлицитни разговори од Јордан Камчев и од други лица.

Стефанова кажа дека Камчев имал двојно државјанство и големо влијние кај сведоците, а Цветан Панделевски, пак, имал лична карта од Грција. Поради тоа, за нив и за уште неколку лица била предложена мерка притвор.

Сепак, осомничените секој пат успавале да дознаат за чекорите што ги презема СЈО. Дури и кога се вршел претрес во домот на Камчев, тој и сопругата ги пречекале подготвени, а таму бил и Зоран Милевски  – Кичеец.

Во канцеларијата на “Орка” ги чекало изненадување.

-Кога влеговме во “Орка” канцеларијата на Ненад Јосифовски беше исчистена, а таму беа Михајло и Филимена Маневски, рече Стефанова.