Во Кривичниот суд беше повикана разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова која е осомничена за злоупотреба на пари од европските фондови.

Судот треба да одлучи дали ќе и ги одземе пасошот. Мерка на претпазливост поради опасност од бегство бара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Освен Димова, пред судија на претходна постапка денеска се повикани уште двајца од четворицата обвинети за давање грантови на фризерницата Вез Трејд.

Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, кривичната пријава им ја поденесе финансовата полиција.

Според пријавата тие предизивкале штета од над 400 илјади евра.