Ленче Ристоска: На претставници на државни органи да не им падне на памет да го користат СЈО како боксерска вреќа секогаш кога системот и општествените чинители ќе потфрлат во борбата за правда

Поранешната специјална обвинителка Ленче Ристоска ги поддржа колегите од поранешното обвинителство кои се навредени од Претседателот Стево Пендаровски оти во своето обраќање по повод Илинден , СЈО го спомена во контекст на организиран криминал. Еве ја нејзината реакција во целост:

Во целост ја поддржувам рекацијата на колегите по повод изјавата на Претседателот Пендаровски.
Кога Претседател на држава дава генерализирана квалификација дека цела институција, алудирајќи на Специјалното јавно обвинитество, станала дел од организираниот криминал тој не само што изнесува невистини и клевети кои засегаат во кредибилитетот на сите кои работеле во Специјалното јавно обвинителство и на нивната работа, не само што го прекршува уставното начело на пресумпција на невиност (сеуште нема правосилна пресуда за никој од тоа обвинителство која упатува на инволвираност во организиран криминал), туку и од позиција на авторитет влијае на креирање на перцепцијата и јавното мислење за причините поради кои повеќе не постои Специјалното јавно обвинителство.
Нема да навлегувам во дебатите кои се водеа помеѓу сите клучни чинители за носење на новиот закон за Јавно обвинителство, нема да го елаборирам моето мислење за новиот Закон за јавно обвинителство, нема да го коментирам начинот на кој СЈО згасна, но ќе кажам дека СЈО не се распадна затоа што стана дел од организиран криминал и граѓаните можеби се разочарани од она што се случи со специјалната јавна обвинителка, но не се и не беа разочарани од СЈО како институција.
Затоа повикот за извинување и повлекување на изјавата го толкувам како повик за признавање на грешката и преземање на одговорност, за на други претставници на државните органи да не им падне на памет да го користат СЈО како боксерска вреќа секогаш кога системот и општествените чинители ќе потфрлат во борбата за правда.
Мартин Лутер Кинг кажал дека нашите животи почнуваат да завршуваат со денот кога ќе почнеме да молчиме за работите кои се важни, затоа браво за колегите!

Total
0
Shares
Поврзани објави