Судијата Добрила Кацарска продолжува со судскиот рпоцес против Јанкулоска за случајот Тенк. Денеска од одбраната на поранешната министерка беше доставен документ од Комисијата за заштита од дискриминација во кој пишува дека не и го признавал правото на бременост на Јанкуловска и закажувал голем број рочишта, а била дискриминирана и понижена кога Судечкиот совет не и ги признал лекарските потврди за ризична бременост и наредил преглед на Клиниката за гинекологија и акушерство, за време на којшто медиумите ја нарушувале нејзината приватност.

Барањето за изземање на Кацарска е одбиено и судењето продолжува со сослушување шестмина сведоци на Обвинителството, а за утре се закажани по што на 10 септември ќе се појават сведоци на одбраната. До сега се сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година. Сведоците во своите искази кажаа дека, не ја познаваат лично обвинетата и немале никаков контакт со неа додека таа била на функцијата министер за внатрешни работи.