Судот пред малку соопшти дека се прифаќа барањето на СЈО по пресудата за случајот Тенк на обвинетатат Гордана Јанкуловска да и се определи мерка за претпазливост забрана на напуштање на живелаиштето или престојувалиште. Обвинителката Фатиме Фатимеи кажа дека бара помала мерка од притвор оти Јанкуловска има бебе и детето не е виновно што родителот се довел во ваква ситуација.
-Во предметот Титиник постојат мерки на претпазлиост, привремено одземање на патна исправа и постоење опасност од бегство како што проценил судот. Чесен суде, висината на ефективната казна затвор на која е осудена е доведена во корелација со околностите поврзани со повредата на заштитеното добро. Ова и нејзиното досегашно однесување во текот на постапката упатуваат на зголемена опасност од бегство, а тоа позицира и потреба од реакција од обвинителството и судот во насока на преземање мерки за отстранување или намалување на таа опасност – рече Фетаи.
Јасно е дека со изрекување на оваа пресуда, додаде таа, опасноста од бегство извонредно се зголемува.
-Предлагам наместо мерка притвор да се изрече дополнителна мерка на претпазливост за напуштање на престојувалиштето од Гордана Јанкуловска. Морам да нагласам имајќи ги предвид прислушуваните разговори, дека не сум сигурна дека хуманоста е особина на самата обвинета – посочи Фетаи.
Одбраната се спротивстави на ваквото барање со образложение дека доколку Јанкулоска сакала да побегне одамна ќе го сторела тоа , а не редовно да се јавува на сите покани на судот.