Кој имот од гаќи ќе го тересе Русковска- Нича уште ја вози старата сива тојота на сопругата, Кадрии има југо и трактор

Според анкетните листови кои се јавно достапни судијата кој примил порака дека ќе му биде тресен советот финасиски , односно судијата Јани Нича вози стара тојота и худаи. Сивата тојота е познато возило на паркингот на судот оти е старо од 2003 година. Според анкетниот лист тоа е на име на сопругата како и уште едно возило. Останатиот имот е стан, земјиште и накит кои се со вредност од околу 160 000 евра и се добиени како наследство. Дел од имотот е во Крушево.

Судел во скопска „двојка“, а по спојувањето на судот е во организиран криминал. Го водел и Советот во организиран криминал кој одлучува по жалби за притворот, а коавтор е на прирачник за (зло)употребата на мерката притвор. Работеше и на случаите Диво Насеље , Паско Кузман (Фаланга) , Тајвански кредити (Васил Тупурковски) и други. Со судијата кадриу беше во советот кој го продолжуваше притворот на пратеникот Крсто Мукоски, кој од власта доби амнестија за да гласа за промена на името на државата.

Го судеше предметот Сопот, го доби предметот „Змиско око“, за обвинетите од патарините, а судеше предмети и со обвинети полицајци и граничари за примање поткуп, како и за криумчарење мигранти.

Вториот судија Зоран Димитриевски тежи околу 70 илјади евра и тоа куќа и заштеди во банка . И тој вози десет години старо пежо. Беше дел од советот кој го судеше Бајруш Сејдии во Пепел 1, Пајажина но и беше дел од советот кој одлучуваше за предметот Шпион кој го презеде СЈО, но не го смени текот на активностите во овој случај.

Третиот судија кој воедно е и портпарол на судот има земјоделско земјиште во село Желино , куќа во Скопје куќа на родители во Стримница. Но овој судија има и голф 4 како и легендарното југо. Судијата потејнува од земјоделско семејство па затоа поседува и пријавил во анкентниот лист трактор.

Тоа се податоци кои се јавно објавени и достапни. Судиите се со години во Кривичниот суд и сега во Аплација. Нича и Димитриевски важеа за добри колеги и дел од петорки на судијата Весна Димишкова која вчера беше кај Русковска во врска со случајот Рекет. Сите меѓу себе и со Русковска одлично се познаваат оти донесоа неколку пресуди за актуелни предмети во јавноста. Во дел од тие предмети одбвинител беше токму Вилма Русковска.

По одлуката Катица Јанева да оди во домашен притвор, Русковска како што кажаа од обвинителството разочарана и нервозна напишала смс порака дека ќе ги тресе до гаќи финасиски судиите и дека со такви како нив не се оди во ЕУ. Реагираше Судскиот совет и Апелациониот суд .

Ваква преписка и комуникација на ова ниво во судството не е непознато но прв пат излегува јавно и тоа го обелоденуваат самите судии.

К.Мачкиќ фото : Скрин од прилог на Канал5 (монтажа)

Total
0
Shares
Поврзани објави