Роднина или близок на обвинител од специјалнот обвинителство, партиски преку СДСМ или пак, роднина или блозок на судија или обвинителк кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО. Ова, според опозциската ВМРО-ДПМНЕ биле трите основни критерими за вработување во специјалнотот обивнителство на поранешната обивнителка катица Јанева. Партијата на Христијан Мицкоски објави 25 имиња кои според ВМРО-ДПМНЕ биле вработени на овој начин. Токму затоа инсистираат на анектна комисија во парламентот за работата на СЈО. Дел од списокот вработени е поодамна познат а денеска и потврден. Ваквата анкетна комисија СДСМ ја одби. На листата се следните имиња:

-Вработена во СЈО е девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.

-Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.
-Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот „Шутка“ Есад Рахиќ.

-Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.
-Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.

-Ефтимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.
-Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
-Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, блзиок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.
-Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.
-Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.
-Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Рената Десковска.
-Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
-Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.
-Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.
– Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.
-Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.
-ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева.
-Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
-Членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор.

-Катица Јанева во СЈО си го вработила и возачот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев

-Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар чии зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ.