Кои се судиите кои одат во Апелација – извисија оние кои го водат “ТНТ”

Судскиот совет по повеќе од една година од објавувањето на огласот за избор на судии во Апелацискиот суд конечно избра шестмина судии кои ќе треба да го пополнат кусокот на судии во второстепениот суд.

За во Кривичниот оддел во Апелацискиот суд избрани се судиите Лидија Зимбовска, која му пресуди на бизнисменот Сеад Кочан во случајот “Труст“ и судијата Ѓоко Ристов кој речиси и да не судеше предмети од Специјалното јавно обвинителство.

Зимбовска била десетторангирана, а Ристов бил на 14-то место, но сите пред нив не го добиле потребното двотретинско мнозинство. Пред нив на листа биле судиите Ивица Стефановски , судијата Огнен Ставрев кој води неколку случаи на СЈО, судијката Оља Ристова и судијката Александра Ристевска. Пред нив рангирани биле и судии од други судови како Габриела Гајдова од Велес и претседател на судот во Кавадарци Лазар Нанев.

Од немнозинската листа за судија кривичар во Апелација беше избран Јусуф Ајрулахи, а судијата Осман Шабани кој заедно со Ставрев е во судечкиот совет во предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ не го доби потребното мнозинство.

За граѓански судии беа избрани Виолета Поповска и Аритон Ала, а за во стопанскиот оддел е избрана Цветанка Ташева.

Total
0
Shares
Поврзани објави