Клучниот сведок во “Детонатор” Дацо Белски , осомничен за ранување човек сам се предаде

Драганчо Стоименов викан Дацо Белски кој пукаше во друго лице во локал во Кочани, сам се пријавил во полиција.

Тој три месеци беше во бегство и стана недостапен за органите на прогонот во јануари годинава, откако по вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев во кафе барот „Аква“ во Кочани.

На македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, каде што  беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница.

За потсетување, инцидентит се случи во кафе бар Аква, кога дошло до кратка вербална расправија помеѓу две групи. Во еден момент Драган Стоименов, со надимак Дацо Белски, пукал со пиштол и го повредил Драган Здравев, викан Дач. Веднаш по пукањето Стоименов избегал. Здравев беше пренесен на Ургентен.

Total
0
Shares
Поврзани објави