Ќосето – не сум терорист, до 27-ми мислев дека протестите се патртиотски иако бевме приморани да одиме

Обвинетиот Горанче Ангеловски-Ќосето, зборуваше за 27 април. Кажа дека како дел од јавната администрација морал да присуствува на сите протести и дека едиснтвен обвинет од Здружението “Ќосето” кое било регуларно регистрирано.

Како и останатите присутни на 27 април разбрал дека пред Собрание ќе се поставуваат шатори. Тогаш од сега амнестираниот Михаил Младеновски дознал дека и ќе се упаѓа во Собрание заради што се делеле маски. Бидејќи е човеќ со поголема килажа и шеќераш не трчал кон Собрание а кога стигнал веќе вратите биле отврорени.

Влегов и јас како и сите, видовте од камерите дека полна беше салата јас кога влегов. Немаше заканувачки пароли, извици. Луѓето се движеа по скалите, сега од снимките видов дека таму бил Кабинетот на претседателот на Собранието. Јас не сум пробил кордон. Луѓето слободно си поминуваа покрај полицијата. Ако сакаа да блокираат, немаше од таа нивна позиција никој да може да им се протне. Јас сум бил во ЕБР и го тврдам тоа. Повторувам: Многу лесно се качи народот по скалите. Ходникот водел до прес салата. Имаше еден вандал што кршеше огледала и слики се обидов да го фатам, ама не успеав. Бев блиску до прес салата но бидејќи не дознав што се случува тргнав назад надвор. Излегов во паркот од спротива. Тогаш пријде Горан Бошевски од УБК, така ми се легитимираше. Ми рече – оди во Собрание да му помогнеш на колегата мој, има нешто работа, тебе те знаат тие што протестираат.  Тогаш првпат го видов обвинетиот Сашо Марковски, беше со обвинетиот Оливер Радулов. Луѓето од УБК ми рекоа ти остануваш на врата. Еве ти ја моторолава. Не знаев кај заминаа. Се вратија по 20 минути. Останав на портирницата. Му се јавив на Коле  му кажав јас овие двајца не можам да ги чекам, а Собраниското обезбедување почна да ги репетира пиштолите. Почна жестоко тепање и јас скриен под капа со исклучена моторола глумев дека зборувам и изглегов. Таа е вистината судијке. Обичен човек сум, а не терорист. Изгубив работа, ја избркаа и жена ми. Три деца имаме, со кредити живееме. Не сакам да добијам симпатии кај никого или да се правдам, ви кажав сè што знам околу 27 април, за кој настан многу ми е жал , беа завршните зборови на Ќосето за случајот 27 април.

Total
0
Shares
Поврзани објави