Кичевскиот ќе одлучи дали ќе им го даде исказот на Бојан и Катица

Зоран Милевски – Кичевскиот, осомничен во случајот „Рекет“ е тој што ќе одлучи дали неговиот исказ ќе им биде даден на увид на адвокатите на Бојан Јовановски и Катица Јанева, вели неговиот адвокат Александар Новаковски, пренесува „Алсат“ .

Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Кичевскиот, објаснува дека насоките како ќе градат одбрана доаѓаат од неговиот клиент. Дополнително, според него, одбраната не мора по секој цена да биде идентична за сите осомничени во „Рекет“.

Кичевскиот е во домашен притвор, а Јанева и Јовановски се во притвор во Шутка.

Total
0
Shares
Поврзани објави