Пензионерката Лилјана Тодоровска која е потписничка на проектот за европски центар за меѓународниот Сојуз на Боки13,  утрово била на распит во Обвинителството, пренесе А1.он. Таа стана актуелна кога се дозна дека подигнала 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз.

Во Обвинителството на распит беше спроведен и Зоран Милевски познат како Кичевскиот , бизнисменот кој е втор осомничен во Рекет.

Тој беше виден и на снимките од Ла Верита како со Боки13 бара и зема рекет од Орце Камчев.

До сега за случајот кој го тресе регионот и политичка сцена сведочеа обвинителките Лиле Стефанова која исто така беше спомната во снимките и тоа од Орце Камчев, Елизабета Јосифовска и обвинителот Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинетот на Јанева.

Јавноста најмногу чека што ќе се случува утре по исказот на главата обвинителска Катица Јанева.