Ќе има судски процес за тероризам во Собранието на 27 април

Денеска Кривичниот суд објави соопштение според кое за настаните од Собранието на 27 април ќе се води судска постапка. Обвинети се пратеници поранешни високи полициски функционери актери и други лица.
Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 повезан со настаните од 27 април 2017 год. кои се случија во Собранието на Р.Македонија, одржа не јавна седница за оценка. По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост.

Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за глава расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Total
0
Shares
Поврзани објави