Случајот Поткуп по повеќе години работа промена на судии и обвинители стигна до пресуда. Денеска обвинението против Зоран Заев е сменето од примање поткуп во полесно кривично дело за што обвинителството побара казна. Поради промена на делото и помалата предвидена казна од петчлениот судки совет заминува судијата Добрила Кацарска и останува само судија поединец да ги разгледа доказите и да донесе пресуда која ќе биде соопштена во понеделник. Судијата Дарко Тодоровски појасни дека во овој случај нема да важат ниту доказите обезбеди со примена на Посебни истражни мерки и дека за нив судот ќе се произнесе при соопштување на одлуката.
Зоран Заев и неговите бранители веќе имаат поднесено пријави за обвинителите кои претходно го работеа случајот за што дополнително ќе треба да се произнесе Советот на јавни обвинители.
Поврзани објави
Возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки кај Универзална од 6 падна на конечна 3 годишна затворска казна
По долг и мачен судски процес со две пресуди од кои едната 6 години и 4 месеци а…
Обвинителката Стефанова побара условни за Јанкулоска и Протуѓер и ублажување на казната за Јанакиески во „Титаник“
За повеќето од овие обвинети судскиот процес пред првостепениот суд ќе заврши со изрекување пресуда на наредното рочиште…
За “Сончев град” ќе се приведуваат сведоци, вработена тврди Јанакиески не смеел да продава земјиште
На денешното судење во предметот „Топлик“ сведочеше вработена во Министерството за транспорт и врски, која била член на…
Русковска со полна чанта документи за Јанева
Обвинителката Вилма Русковска пристигна во Советот на јавни обвинители каде денеска треба да се одлучува дали ќе почне…