Катица Јанева бара: Пуштете јавно се за да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран

Не само бизнисменот Орце Камчев, со мобилен телефон снимал и сега веќе првостепено осудениот Зоран Милевски – Кичеец. Неговите снимки денеска беа емитувани во судница, но обвинителката Вилма Рускоска рече дека има две снимки за кои ќе треба јавноста да биде исклучена поради приватност и експлицитност во снимките. Со ова не се согласуваше обвинетата Катица Јанева.

„Бараме да не биде исклучена јавноста во процесот. Бараме целокупното УСБ на Зоран Кичеец да биде презентирано денеска, и бараме да не бидат исклучени непријатните работи, за да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран во интерес на јавноста“, истакна Катица Јанева.

Јанева додаде дека обвинителството на тоа требало да мисли кога ги доставувало доказите на што обвинителката Рускоска и возврати.

„Вие колешке да мислевте немаше сега да бидете тука, на обвинителна клупа“, и посочи Рускоска.

„А, ти да мислеше немаше да монтираш случаи и немаше никој од нас да биде тука во судница“, додаде Бојан Јовановски.

Одбраната на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева реагираа дека снимките не се автентични, а Боки додаде дека доаѓал од тој сектор и дека тоа сто се слушало во судница била аматерска монтажа.

„Никаква автентичност не може да биде придадена на овие докази, затоа што очигледно беше дека се работеше за снимки на повеќе разговори кои беа едно врз друго надснимувани, така да под големо сомнение, во какви услови се тие разговори снимани, во кои услови се изјавите давани, дали се во ист момент и за тоа нема вештачење што би потврдило и ние затоа се сомневаме дека ова може да биде користено како доказ“, порача Дељо Кадиев.

Одбраната на Јанева вели дека со овие изведени докази се тврди Ана Камчева, а подоцна најверојатно и Орце Камчев со поткуп купувале се ослободиле од „Империја“ на СЈО.

„Преку овој предмет всушност се дава одбрана за предметот „Империја“ и се труди да се прикаже дека им било на обвинетите таму барано рекет, всушност како што ќе имате можност да видите се е тргнато со нудење на поткуп“, додава Кадиев.

Судијата Васка Николовска Масевска пред крајот на судењето прочита извештај од специјалисти со кој се тврди дека Боки 13 нема канцер туку чир на желудник и може во иднина да ги следи рочиштата. Презентираниот извештај беше потпишан од 16 лекарни, но одбраната не се согласува со ова.

„Во неговиот живот не бил прегледан од 16 лекари кој стигнал на таа клиника удрил печат. Ова дава друго светло на водењето на целата постапка, а тоа друго светло е обвинетиот Бојан Јовановски да се држи во притвор по секоја цена и ќе се држи во притвор и немам никаква дилема до крајот на оваа постапка која се заснова на докази врз кои не може да биде донесена било каква пресуда. Во нормална земја овир докази би биле отфрлени уште при оценувањето на обвинителниот акт“, појасни Сашко Дуковски.

Сепак, денешното судење застана токму кај снимките за кои Јанева и Боки 13 инсистираат да бидат јавни, а Русковска се противи на тоа, заради заштита на приватноста на Бојан и соговорникот Зоран Милевски. Судењето продолжува утре напладне, кога ќе се знае дали судијката ќе дозволи присуство на јавност.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

“ТНТ” пука во Кривичен

Конечно во Македонија завладеа правото! Проработи “Слободата на совеста која е признаена насекаде“, вели адвокатот Јовица Страшевски во…