Катица бесна: “Гомнарке и ороспијо” и рече на Лиле и ја избркаа од судница!

„Гомнaрке и ороспијо една“, со овие зборови Катица Јанева и кажа на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“.

При крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.

Но, Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнaрке!“

„Надвор, изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.

На излегување, Катица Јанева дојде кај новинарите, застана и рече:

„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.

Јанева во моментов е на скалите во судот, плаче, се тресе, а нејзиниот син Лазар ја смирува во присуство на полицијата бидејќи таа е во куќен притвор.

ДЕЛ ДО СВЕДОЧЕЊЕТО НА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА :

Во средината на декември Јанева не повика во нејзината канцеларија. Ја образложуваше темата околу лобирањето за законот за ЈО и ми се обрати мене со зборовите: “Лиле, еве ти ги петте предлози кои ги имаш дадено да се одбие жалбата за притвор, ќе ги преиначиш и ќе напишеш на овие осомничени наместо притвор да се определи куќен притвор. Тоа истото ќе го направиш и за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, како и за Сашо Мијалков’, рече обвинителката.

Стефанова потенцираше дека таа се спротивставила на што добила дрзок одговор од Јанева дека тоа е нејзина одлука и дека треба сите да одат во куќен притвор, бидејќи е важно за процесите во државата и за носење на законот за ЈО.

„Јас сум долгогодишен обвинител, но донесување на закон за ЈО не може да биде основа да се промени мерка притвор во куќен притвор. На ова единствено се побуни Артан Ајро, а другите премолчеа“, рече обвинителката Стефанова.

Потоа следувале барањата за давање на времени пасоши за Орце Камчев и за Цветан Панделески.

-На 8 март додека бев на судење ми се јави Јанева, односно на стручниот соработник и ми викаше дека има предлог од Панделески за времен пасош, па да не чекал човекот да му ја дадам патната исправа. И реков да се вратам во СЈО па ќе видам. Тогаш и се јавив и реков дека нема поткрепа од медицинска документација и ќе дадам негативно мислење. Тогаш и Јанева рече добро, сум била во заблуда, рече Стрфанова.

Таа додаде дека во целиот овој период Камчев доставувал барања, нудел гаранција.

-За Панделески дојде ново барање и таа рече дека ќе го прифати и самата го потпиша, сведочеше обвинителката, која додаде дека судот го одбил барањето бидејќи осомничениот немал медицинска документација.

Клучен бил еден состанок во април, бидејќи дотогаш Стефанова мислела дека се играат игри со Панделевски, ама тогаш на површина излегол и Камчев.

-Имаше состанок на барање на Јанева. Беше видливо нервозна. Тогаш ми рече: “Ти Лиле дај му го пасошот на Камчев. Ќе даде гаранција од 3,5 милиони евра. Потоа ни даде задача и на мене и на Бурим Рустеми да направиме пресметка за предизвиканата штета во “Империја” и “Поштенска банка”, да си платат осомничените и тука да заврши се, рече Стефанова.

Тогаш му се јавив на обвинителот Гаврил Бубевски, кој имаше комуникација со Јанева, и му реков дека Катица сака на незаконски начин да ги затвори истрагите за “Империја” и Поштенска Банка”, рече Стефанова, која додаде дека Јанева ги избркала од состанокот и рекла: ” А сега марш, излегувајте од тука!”

Потоа, како што рече, додека била на одмор дознала дека на Камчев му бил вратен пасошот.

Таа потенцираше дека покрај Врховниот суд, и неодлучноста на Јанева ја заглавила истрагата за “Империја”.

……………………………………………………………………………………………………………………………….

На 20 ноември 2018 година го викнав осомничениот Камчев во СЈО од притвор. Во моментот додека стручниот соработник го носеше адвокатот во просторијата, Камчев искористи еден момент и ми извади еден лист хартија од џеб и рече: ’Читај за да се запознаеш со мене‘. Горе на листот стоеше лого ’Аџибадем Систина‘. Ми рече да не го читам кириличниот текст, туку тој на латиница. Текстот беше напишан од Наташа Савова. Ми беше препорачано да разговарам со Сашо Мијалков за негово ослободување од оваа истрага. Камчев ми укажа дека многу луѓе се околу него и може да влијае на истрагата. Во текстот од Савова пишуваше дека за Камчев во пакет ќе се предвидат многу мерки за кои ќе се погрижи таа, сведочеше Стефанова.

………………………………………………………………………………………………………………………………..

Лиле Стефанова подготвена да каже кој судија се интересирал за истрагата против Камчев од емисарите кои цел ден се мотале во судот и и се јавувале беше прекината од судијката Васка Николовска Масевска да не одговори оти за тоа конкретно не била прашана. „Си ја штитиме фелата, така судија?“ ја праша Стефанова. Но тогаш реагираше адвокатот на Боки и на прашање дали судијата е од Кривичен од организиран таа одговори:

„Да. Тоа е судијата Добрила Кацарска. Таа не се јави кај мене, туку кај друг колега, но беше присутна тука во судот цела вечер кога се одлучуваше за мерката притвор на Орце Камчев. Беше присутна од рано утро, до другото утро следниот ден“, одговори Стефанова.

Денешното судењето заврши без Јанева.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави