Камчев не се сеќава , а Траковска потврди дека разговарале за информација од “пријателот” (Мијалков)

Новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Орце Камчев денеска сведочеа за случајот „Тортура“, односно за незаконското апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.

-Дадов исказ дека прислушуваните разговорите се автентични, но информации поврзани со овој настан немам. Имам живи сеќавања од тој ден, но тие не се поврзани со овој настан. Тоа беше ден после победата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Трајковска.

За автентичноста на разговорите пак Kамчев рече: За мене разговорите не се автентични, тие може да се сечени, лепени и монтирани.

Траковска го раскажа целиот ден.

-Имав повеќе телефонски разговори тој ден, на 6 јуни. Имав разговор и со Јордан Камчев. Ми кажа дека примил информација дека нешто ќе се случи за еден час информација која ја добил од пријателот. Иако користиме термин пријателот, за мене тоа е Сашо Мијалков. Јас не го ословував со „пријателот“, туку како „телефонистот“, поради прислушуваните разговори, рече Трајковска.

Таа рече дека го видела Бошкоски пред Воденица, од својата тараса. -Мислев дека Бошкоски ќе дава изјава, поради насобраните новинари, рече Трајковска.

Камчев кажа дека дента разговарал со стотина луѓе.

-Познато ми е тоа што сите го видовме на телевизија. Одреден човек примил мито за да го менува името и морал да биде уапсен. Не сум ни обвинител, ни судија, рече Камчев. Дента по телефон раговарав стотина пати, со стотина луѓе и со новинарката како најверојатно и вие, и судијката. Не е забрането да се разговара за криминал, рече Камчев.

Total
0
Shares
Поврзани објави