Судијата известител во Уставниот суд Елена Гошева предлага да се поведе постапка за одлуката за распишување референдумот и да се изрече времена мерка и запирање на сите активности на извесен период.
Според неа, одлуката содржи повеќе правни недостатоци. Прашањето за референдумот, како што рече, е манипулативно, видот на рефередумот не е јасен, а не е наведен и целосниот назив на договорот од Преспа.
Со поинаков став е судијата Дарко Костадиновски, кој смета дека не треба да се поведе постапка за одлуката за распишување референдум, а на ист став се и судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.
Судијата Костадиновски рече дека има правни недостатоци, но оти тие не се суштински и не се причина за поведување постапка.
Уставниот суд денеска треба да се произнесе за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. Подносители на иницијатиците се политичката партија Левица и Светскиот македонски конгрес.

фото : Судија Елена Гошева која предложи стопирање на референдумот