Кацарска е прв судија кој сам побара Судски Совет да преиспита нејзино работење и одговорност

Судскиот совет ќе одлучува за евентуалната инволвираност на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев.

На 31 јануари до судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет.

Кацарска побара од Советот да ги провери тврдењата на обвинителката Лиле Стојанова искажани на рочиште за случајот „Рекет“ дека судијката во време додека се одлучувало за притворот на Орце Камчев, цело време била во судот и вршела притисок преку колега обвинител. 

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави