Кацарска: Да и пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели

Да и пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели, зошто кај мене не може никој да ургира за пресуда, рече Кацарска , а  Поповски само одобрил со главата.

Вака денеска во Кривичниот суд во Скопје одново почна судењето за случајот „Триста” на СЈО против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, обвинет за набавка на 300 возила за МВР. Судијата Добрила Кацарска го кажа ова пред сите присутни во судската сала.

Обвинетиот Ѓоко Поповски, беше осуден на девет години затвор но предмет е вратен на повторн одлучување, а на денешното рочиште Поповски изјави дека не е виновен за делото за кое се товари.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави