JO: Повеќе од 13 години затвор за жената која принудуваше девојче на проституција и абортира

Незадоволен од висината на изречената казна на која се осудени обвинетите за Трговија со дете, надлежниот јавен обвинител, по пристигнатата писмена пресуда, во законски рок поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Имено, обвинителот прибра обемен доказен материјал со кој се докажа дека во период од почетокот на декември 2017 година до 06.02.2018 година детето било жртва на трговија со луѓе, извршена од страна на осудените лица. При тоа, во Кавадарци, Радовиш, Штип и с. Мислешево – струшко, првообвинетата М.Д. употребувала сила, сериозна закана и измама, ја искористила немоќта на детето па долг временски период од користољубие го принудувала за пари да дава сексуални услуги на возрасни мажи. Осудената организирала брак и го присилувала детето да се омажи, дополнително ја експлоатирала жртвата и на друг начин. Кога дознала за бременоста на детето, осомничената го испратила да абортира во Скопје. Обвинетите Е.Ј. и С.Р. сексуално ја злоупотребувале оштетената, во неколку наврати свесно и со умисла го принудувале да ги задоволува нивните сексуални потреби, нанесувајќи му физички повреди кога давало отпор.

За стореното кривично дело, Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе пресуда со која трите лица се огласени за виновни за сторено кривично дело – Трговија со дете. Со првостепената пресуда обвинетата М.Д. е осудена на казна затвор во траење од 13 години, додека обвинетите Е.Ј. и С.Р. на казна затвор во траење од по 12 години.

Иако судот определи затворски казни за сторителите, надлежниот обвинител ценеше дека при определување на висината на казната судот ги преценил олеснителните околности, на сметка на отежителните. Во конкретниов случај, обвинителот согледувајќи ја севкупната состојба на детето, неговото нарушено здравје и нанесената психичка болка, ценеше дека казните по својата висина не се соодветни и не претставуваат адекватен општествен прекор упатен кон обвинетите. Од тука, имајќи ја предвид тежината и зачестеноста од ваков вид на кривични дела, а со цел да се исполнат целите на казнувањето, обвинителството ја достави Жалбата до повисокиот Апелациски суд, со барање да ја преиначи пресудата и да определи повисоки затворски казни за обвинетите.​

соопштение: JO

Total
0
Shares
Поврзани објави