По спроведување сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција.
Имено, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во декември 2018 година, следејќи ги информациите во медиумите, отвори предмет по допрен глас. Во медиумите беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња. Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија.
По дејствијата преземени од страна на надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика и Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност.
Поврзани објави
Чавков не бара амнестија адвокатот Миланов поднел и за себе
Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, не поднел барање за амнестија, потврди неговиот адвокат Сашко Дукоски.…
Возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки кај Универзална од 6 падна на конечна 3 годишна затворска казна
По долг и мачен судски процес со две пресуди од кои едната 6 години и 4 месеци а…
Трајковски утре ќе биде стражарно спроведен на судењето за „ТНТ“
Екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски утре ќе биде спроведен стражарно откако денеска не се појави на…
Притвор за момчето и девојката кои до смрт го претепаа ракометарот Тот
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството…