Јавното обвинителство отвори истрага против Димова

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмуз+“, Лидија Димова, и три други лица, осомничени за злоупотреба на милиони денари од европски фондови.

По поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, тие се товарат дека причиниле штета од големи размери на средства од ЕУ во вкупен износ од 410 илјади евра.

–Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а од Кривичниот законик“, вели Обвинителството.

Тие соопштија дека Димова сторила и продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, а четвртото лице е осомничено дека сторило кривично дело несовесно работење во службата.

Обвинителството до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за изрекување мерки на претпазливост за тројца осомничени преку јавување  повремено на определено службено лице, привремено одземање на пасош или лична карта за преминување на државната граница.

Total
0
Shares
Поврзани објави