Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска тврди дека не знаела што потпишува кога во УБК била формирана Комисијата што ја уништи опремата за прислушување.

Јанкуловска денеска сведочеше пред судот за случајот Таргет-Тврдина.

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот на уништување на опремата. Јанкуловска вината ја фрли на членовите на Комисијата.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, пак, тврдеше дека не постои ниту еден доказ оти илјадниците снимени разговори доаѓаат токму од од Управата и оти дека таму се вршело прислушувањето.

Освен Јанкуловска и Мијалков, обвинети во овојс лучај се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошковски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и уште шест други лица од УБК.