Јанева барала пари од заеднички фонд на обвинителите во СЈО за нејзина одбрана

Ново писмо од Катица Јанева пристигнало на „Рузвелтова 34“.. Според информации на Сител, поранешната специјална обвинителка во писмото навела неколку барања.

Освен да ги добие личните предмети, Јанева пишувала и за таканаречениот „заеднички фонд“ на специјалното обвинителство, со кој таа лично управувала.

Неофицијално сакала тој буџет да се користи за покривање на трошоци за нејзина одбрана во текот на кривичната постапка.

Адвокатот на екс шефицата на СЈО, Ирена Фрчкоска, вели дека нема информации оти нејзиниот клиент испратил писмо со кое бара за нејзина одбрана да се користи „заедничкиот фонд“ на вработените во обвинителството.

Новото писмо на Јанева никој во СЈО не сака да го коментира, но неколку обвинители потврдија дека вработените во обвинителството одделувале пари за фонд кој се користел за заеднички потреби.

извор: sitel.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави