Јане Ченто и други обвинети со прегратка ги пречекаа пратениците на кои им се суди за крвавиот четврток

Со гушакње и честитање од дел обвинетите за 27 април денеска во судница беа пречекани пратениците кои дадоа поддшка во Собранието за уставните промерни. Меѓу оние кои се изгушкаа со пратениците е и Јане Ченто кој е во притвор, а еден од обвинетите од Куманово пред судијата сакаше да им се заблагодари на пратениците за нивната храброст и да коментира за настаните од петокот. Но судијата Добрила Кацарска веднаш го прекина и не му дозволи да зборува за нешто што е надвор од предметот.
Пред да влезат во судот пратеникот пратеникот од Охрид Љубен Арнаудов рече дека немал никакви закани, нути пак понуда од пари со кои би бил натеран да гласа за уставните измени.
– Доаѓаме да докажеме дека сме невини, немаше никакви закани или пари со кои би нѐ поткупиле да гласаме „за“, изјави Арнаудов денеска пред Кривичниот суд. Тврди дека на снимките каде се гледа дека се поздравува со напаѓачите всушност тие него го поздравуваат.
Пратениците надвор и во судница се придрижувани и ги чуваат голем брох припадници на “Алфите”.
Во судница се презентира доказниот материјал на обвинителството и тоа снимки од Собранието од случувањата вечерта на 27 ми април.
Првата снимка која беше презентирана во судница на рочиштето за “27 април” е од говор на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на собраниска говорница, пред упадот на насилна толпа. Обвинителката појасни дека снимката е предложена како доказ бидејќи говорот на пратеникот Димовски бил сличен како говорите на обвинатите Борис Дамовски и Богдан Илиевски. Во еден дел Димовски вели: “Најава на состојба која ќе донесе тешки последици”.
По оваа снимка следуваше втората снимка на која се гледа како пратеникот Крсто Муковски од собраниската говорница ја пее државната химна. Откако завршува со пеење, Муковски вели: “Треба ли после ова да правиме инциденти”, по што продолжува да скандира “Избори, избори” и “Македонија, Макаденија”.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Фетаи се откажа од обвинението против Рангелова и уште двајца обвинети во „Шамарите во Центар“ – за останатите настроги казни

Обвинителката Фатиме Фетаи, се откажа од обвинението против тројца од обвинетите во случајот познат како „Шамарите во Центар“:…