Јанакиески за Груевски: Магарето замина, удривте по мене

Во Кривичниот суд привршува судскиот процес ТНТ кој деновиве кулминираше со казни за адвокати, напушатње судница, судење од утро до вечер. На судијата му се брза за пресуда , а обвинетите ги искористуваат сите можни законски основи судењето да трае што подолго. Најочекувано беше сведоењето на Миле Јанакиески кој тврди дека не е виновен ниту пак има дадено налог или потпишано било каков докуумент за уривањето на Космос на Фијат Цановски.

Гарантирам и денес дека ‘Космос’ е дивоградба. Но сакам да дојде Фијат и да каже кој му рече гради на диво ние ќе средиме. Да каже Груевски да каже Мијалков, зборуваше Јанакиески.

За Груевски кој исто така е обвинет рече:

Магарето замина, удривте по мене!

Тој појасни дека имал одлична комуникација со Фијат и синот.

Сакам да застане овде Фијат и да раскаже со кого се договарал и кој му кажал: „Гради диво, јас ќе ти го средам тоа. Нека каже, не само за односите со Груевски, туку и за односите со Сашо Мијалков и со Муса Џафери, да каже кој и што му ветувал на диво да гради“, рече Јанакиески.

Неизвеснен е епилогот и донесувањето на првостепена пресуда која би требало да биде донесена до вторник. Една од поротичките мора да го напушто местото во судница поради истек на мандат и години, со што предметот би почнал одново. Тоа значи дека може да дојде и до застарување и до ново одолговлекување.

Total
0
Shares
Поврзани објави