Изземање на Катица од „Титаник 3“ оти била скарана со Фатиме?

Адвокатот Еленко Миланов на денешното судење за случајот „Титаник 3“ побара изземање на шефицата на СЈО, Катица Јанева и на нејзините помошници, односно останатите обвинители, бидејќи постоела конфонтација, односно несогласување меѓу шефицата Јанева и останатите обвинители.

-Поднесувам предлог за изземање на Катица Јанева и на нејзините помошници денес присутни во судница, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Од причина што очигледно е дека од минатата главна расправа работите во ова обвинителство се измените, па според тоа што го видовме во медиумите постои директна конфротација меѓу обвинителите од СЈО, постојат конфликти, напади помеѓу овластениот тужител и помошниците од СЈО, па во таа насока предлагам постапката за овој случај да биде прекинета до произнесување за побараното изземање, рече адвокатот Миланов.

Судијката Марија Клетничка пак побара од адвокатот да каже точно на што го темели своето барање таа не ги препознава аргументите кој тој ги дава.

Миланов само го повтори истото, а судијката даде кратка пауза за да одлучи по предлогот.

Случајот „Титаник 3″ е пред а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кацарска до Судски Сoвет: Jавно кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, згрозена сум

Бев згрозена од изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, односно од нејзиното сведочење во случајот „Рекет“,  со оглед дека…