Апелациониот суд во Скопје можно е да не добие нов Претседател и да продолжи да функционира со ВД привремен шеф, дознава dosie.mk. Неизвесно е дали огласот за избор на Претседател на Апелациониот суд ќе биде поништен или постапката ќе се истурка до крај. За Апелациониот суд конкурираа повеќемина судии, но најсериозните канидати за избор и со наголемо расположение да ги гласаат членовите на Судски совет се судија Добрила Кацарка од Основниот суд 1 во Скопје и судијата Лазар Нанев. Вториот при претходните избори за функции во судството јавно пиша и писмо до Судскиот совет дека иако има најмногу бодови членовите не го гласат поради разни политичко судски кобинаторики. Овој пат тој е во поголема конкуранција со судии кои биле на раководни места.
До скоро во судските кругови се зборуваше дека сериозни шанси има судијата Огнен Ставрев кој е потпишан на решението за пуштање од притвор на Зоран Верушевски, но сепак важи и за близок пријател и соработник на поранешната претседателка на Врховниот суд во времето кога беше шефица на Кривичен. Полека неговото име исчезна од листата сериозни кандидати па почна лицитација со други имиња. Судијата Кацарска која од скоро е во одделот за организиран криминал , како поранешен претседател на Кривичен важи на најсериозно решение за Претседател на Апелација.
Но дали ќе има трка меѓу овие кандидати останува да одлучи Судскиот совет деновиве. Доколу дојде судија од Кривичен во тој случај нема да постапува по предмети, туку само ќе биде менаџер на судот во смисла на средување на буџет , распоред на судии , организација и слично. Како Претседател кој доаѓа од помал суд ќе нема право да одлучува како што досега работеше судија Шопова, која беше избрана од редот на судиите во погорниот суд.
Интересно е што последниве недели интерес за ова место покажал и албанскиот блок што дополнително го комплицира изборот и распоредот на гласовите во Советот. Доколу се понишни огласот во игра се три имиња за ВД претседател и тоа Јетмире Ајдини Бошњаку, Роза Каленикова и Јани Нича.
На огласот за Претеседател на Апелациониот суд патем е надлежен за одлуки по жалби поднесени во Кривичниот суд меѓу кои сега актуелни и предметите СЈО се пријавени Ѓорѓи Радојков, Кенанзија Мехмед, Лидија Димчевска и Јованка Никодиновска од матичниот суд. Од Кривичен, Добрила Кацарска, Гордана Спиреска, Огнен Ставрев и Весна Димишкова. Лазар Нанев кој ја раководеше работната група од правда за проверка на АКМИС и не најде проблеми во Апаелација каде се покажа дека се делеле предмети на рака, водено и судија во кавадаречкиот суд, Снежана Трповска која е во Управен, како и Андреј Димовски од Граѓанскиот суд.