Истите обвинители од СЈО ќе ги продолжат предметите во ЈО ?

Основното јавно обвинителство испрати допис до Специјалното јавно обвинителство во врска со преземањето на предметите, потврдуваат од ОЈО.

Дописот за преземање на предметите следува по неодамнешното известување што од притвор го испрати специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со кое даде овластување сите предмети на СЈО да ги преземе ОЈО.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески појасни дека ЈО има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО. Смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

Total
0
Shares
Поврзани објави