Инцидент на влезот на Kривичен: Полицијата спречила кавгата меѓу Боки и Орце да заврши со физичка пресметка

Пред денешното рочиште за случајот Рекет на влезот на Кривичниот суд, по вербалните провокации од првообвинетиот Бојан Јовановски, полицијата реагирала и спречила физички инцидент меѓу  него и сведокот во својство на оштетен, Јордан Камчев, дознава Либертас од сведоци на настанот.

Полицијата спречила кавгата да премине во физичка пресметка и не му дозволила на изнервираниот Камчев и физички да се пресмета со Боки 13.

По инцидентот Боки на судечкиот судија му се пожалил дека по инцидентот не е во состојба да биде присутен на рочиштето.

Сепак рочиштето се одржало.

Зад затворени врати сведочеше обвинителката Ленче Ристоска која беше дел од тимот на Јанева во СЈО, а денеска беше повикана во својство на сведок од страна на одбраната на екс шефицата.

Одбраната на Јанева побарала јавноста да биде исклучена бидејќи обвинителката Ристоска во сведочењето може да каже деловна тајна.

извор: libertas.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави