Додека јавноста слуша за непотизмот и чудниот избор во Советот на јавни обвинители на блиски роднини на обвинители, во скопскиот Кривичен суд се примаат синови и ќерки на акуелни судии.
Според информациите до кои дојде dosie.mk дознаваме дека во судот се вработени син и ќерка на активни судии од кои едниот пред неколку години не го испрати актуелниот премиер во притвор. Интересен е и изборот на снаа на судијка во пензија , на која пак синот и работи во Министерството за правда. Живеат во Куманово и секој ден патуваат кон Скопје. Ова семејство е интересно и по тоа дека золвата е во Врховен , а таткото на девојчето е вработен во МВР. Мајката на нововработената од скоро е началник на аналитика во Куманово.
Во Кривичен се резервирани и места за кадри Албанци. Истовремено во овој суд се случуваат и унапредувања на раководни места и тоа на дактилографки кои станале службеници односно се качени за пет скалила нагоре .
Додека се избираат нови стручни дирекни потомци на судии , истовремено и се бркаат деца на судии како што е ќерка на судија од двојка која беше делегирана од Паланка. Избркан е и син на председател на подрачен комитет на ВМРО ДПМНЕ од село Количани , инаку торбеш.
Додека во судовите се собираат синовите и ќерките на судиите, во обвинителството се уште се истите кадри од претходната власт кои работат веќе 4 до 5 години. Тука е влезена и ќерка на позната нотарка. СЈО е преполно со роднини на главната обвинителка но и деца на судии меѓу кои прв в јавноста се обелодени синот на поранешната претседателка на Врховен суд.
Вчера амбасадорот на САД Џес Бејли, јавно опомена дека непотизнот во правосудството не може да придонесе во зголемување на довербата на граѓаните во правдата , туку напротив состојбите одат во надолна линија за што дирекно посочи кон обвинителите и судиите.

(Имињата на примените и судиите се познати на редакцијата dosie.mk , но поради заштита на судскиот интегритет овој пат нема да ги објавуваме. Следниот текст доколу оваа пракса продолжи редакцијата ќе ги обелодени сите роднински и блиски врски во овој суд како и во обвинителството со цел информирање на јавноста за внатрешните случувања кои може да доведат до сомнеж за влијанија на одредени одлуки или постапки во одредени случаи)