ХАОС ВО КРИВИЧЕН : Судии се караат за бироа и ги влечат по ходници

Големата преселба на судиите и адинистрацијата во скопскиот Кривичен донесе многу кавги и непријатни ситуации во судот, велат вработени за Досие.
Голем проблем настанал кога судиите требало да ги сменат канцелариите и кабинетите во кои работат. Атмосферата во судот зоврела по празниците односно последниве два дена кога дел од судиите почнале сами со соработниците да ги вадат работните бироа и по ходници да ги влечат до новите канцеларии. Оние кои пак требало да влезат во канцелариите се бунеле зошто бироата се менуваат. Образложението на првите било дека бироата им се понови и сакале да продолжат да работат на истите. При преселбата некои од канцелариите останале полу празни оти судиите си ги однеле мебелот , а дел од нивните колеги се уште немаат нови канцеларии.
Претседателот на судот Иван Џолев е немоќен да се справи со ваквите кавги. Извори за Досие велат дека седел затворен во кабинетот. Сите кои барале прием кај него завршувале со кавга. Во судот се зборува и за поголема кавга со една од вработените која ја видиле и слушнале повеќемина колеги.
Проблем со кој се соочиле вработените била и распределбата на предметите и хаосот кој настанал оти се сменија римските броеви на судиите и судниците кои во кои треба да доаѓаат странки. Судските процеси закажани за овој месец се одложуваат за март, што значи странките ќе изгубат два месеци додека стартуваат судењета. Иако во судот владее хаотична атмосфера, кабинетите на претеседателот и соработниците се пополнија експресно со луѓе кои незаконски се унапреднеи повеќе скалила нагоре. Таков е случајот со вд секретарот на судот , главниот за казнената евиденција за цела држава и главната надлежна за книгата за ПИ мерки во судот. Интересно и во секторот за човечки ресурски се вратија луѓе кои беа во овој сектор за време на претходната власт , но сега добија и секретаркa.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ременски во Обвинителство

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите…