Никола Груевски вели дека премиерот Зоран Заев има патолошки го мрази со тоа што нечесно дал лажна изјава во судот дека тој бил организатор на настаните од 27 април.

„Токму тој, понекогаш во соработка со други негови соработници, лично го осмислува и го нарачува прогонот против мене, често и кон мои блиски соработници со цел да ги притисне и уцени да бидат сведоци во неговиот нечовечки нагон да ми направи најголеми можни штети, понижувања, апсења, судења, пресуди, затвори и секаков друг вид малтретирања“, смета Груевски.

Тврди дека Заев знае дека тој не е организатор на насилно влегување во парламентот и физички пресметки во него.

„Тој знае дека ниту обвинетите на чие судење беше денес повикан како сведок, на кои исто така по негова нарачка им судат, не нарачале насилство од било каков вид, независно дали е насилен влез во собранието или употреба на физичка сила кон пратеници, ниту организирале тероризам“, пишува на фејсбук Груевски и додава дека обвиниетите се исплашени, паднати со духот, уценети и скршени за да бидат  соработници на Заев за прогонот кон него.

Заев  денеска пред суд рече дека бил мета на напад во кој требало да биде убиен.

„Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите тука. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски “, рече Заев во Судот.