Груевски: Судиите се уценети , ова се политички процеси утре не одам во суд !

“Ова се политички судски процеси. Очигледно е дека правните аргументи не може да ја победат политичката нарачка.Нема да бидеме декор во судница, затоа не доаѓаме во Апелациониот суд. Нека донесат каква сакаат одлука. Мене ме суди политиката, а не судот. ВД претседателката на судот врши притисок да бидам осуден.Таа барала да бидам осуден една година за во предвечерието на Рефередумот да бидам затворен.
Секој кој станал судија знаел дека ќе се најде во ваков момент, а на нарачателите на овој срамен чин им порачувам , се лажете дека ќе ме елиминирате. Мене ќе ме направите поголем, а вие ќе бидете помали. Ниту едно обвинение ниту еден затвор нема да поништи што сум сум направил за македонскиот народ”.
Ова е само дел од прес конеренција на Никола Груевски по повод судските процеси против него. Обвини за политички монтирани процеси, и порача дека се прави голема грешка, а дека народот гледа се и знае се. Посочи примери на судии кои се во роднински односи со видни луѓе на раководни функции во СДСМ и повторно седат и судат.
Бо врска со објавата дека пред 10 години тој прифатил промена на име , тврди дека и тоа е дел од политичката кампања.
“Ако се согласев се што сакаа грците денес ќе беше друга песнa”, рече Груевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Судење Монструм: На средба кај претседателот со семејствата на убиените деца разбравме дека лидерот на СДСМ им кажал клевети за паднат телефон од полициски службеник -телефонот ми е дома !

Поранешниот советник за национална безбедност Синиша Алексовски, на денешното рочиште за „Монструм“, рече дека имал усна информација од полицискиот…