Груевски одложи судење: Сакам да присуствувам на седница на Собрание

,,Сакам да бидам ослободен од денешното рочиште. Сакам да присуствувам на седницата во Собраието, каде има точка за промена на Уставот. Досега не сум ја користел таа можност”, се обрати кон судот Никола Груевски, пред почетокот на денешното рочиште за случајот ТНТ. Судијата Огнен Ставрев дозволи одлагање на судењето , а обинителот не се изјасни само кажа судот како ќе одлучи така да се постапи.

Во предметот „ТНТ“, седуммина обвинети, меѓу кои и експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и ексградоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, во 2011 сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот тогашен политички противник од ПЕИ, Фијат Цаноски.

СЈО тврди дека со постапката на уривање обвинетите предизвикале штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Total
0
Shares
Поврзани објави