Градоначалникот Курто Дудуш призна вина и доби судска опомена

Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари, денеска седна на обвинителна клупа откако беше обвинет за напад врз Демир Исмаил. Дудуш ја призна вината, и рече дека жали за стореното, по што Судот му изрече само опомена.

Ја признавам вината, жал ми е што ова се случи. Ние сме живи луѓе, и јас се извинувам, рече Дудуш Во судница.

По признанието, Ѓоко Ристов му изрече казна „судска опомена“ на градоначалникот.

Исмаил го обвини Дудуш за напад за време на одржување на ромскиот бал. Повредениот Исмаил побарал обештетување а парите најавил дека ќе го донира во хуманитарни цели.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

За постетување – свиркач до редакцијата на „Економски Лидер“ достави аудио снимка на која се слуша како градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, лишува од слобода, тепа и измачува човек во неговиот кабинет.

-Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа. – вака со лишување од слобода, почнува аудио снимката, која свиркачот ја достави до нашата редакција.
Понатаму во аудиото, се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.

Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…

Се слуша и како Дудуш, додека тепа, вели дека тој е градоначалник и тепаниот не му може ништо затоа што гласот не му се слуша во Шутка.

Во моментот се води постапка за новинарот кој ја објави снимката .

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави