Гинекологот Димчевски доби година и пол затвор оти лажел пациентка дека е бремена

Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена денеска е осуден на една и пол година казна затвор и забрана за вршење дејност во траење од осум години.
Дамчевски пред судот ја признал вината.
Дамчевски според обвинението иако знаел дека оштетената не е бремена, вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање. Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката најпрвин на сопругот на оштетената, а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска – Во тек е спогодба со Мијалков за „Империја“, три години затвор и 30 милиони евра вреден имот да се заплени 6 милиони да уплати на државата

Главната обвинителка на Обвинителството за спречување организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјава дека во тек е спогодбата…