Георгиевски: Со осомничените на СЈО ни пиво не сум се напил, ми го валкаат името Груевски : Без мене СЈО нема атрактивен предмет

Љубчо Георгиевски реагира на соопштението на СЈО дека нема да го гони поради застареност на делото во најновиот оелоденет случај Поштенска банка.
-И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка а уште помалку со второто дело за кое ги товарат. Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено. Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име, изјави Георгиевски за медиумите.
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вели дека бил во СЈО на нивна покана и дал податоци за она што го прашувал.
На ФБ профилот реагираше и Никоал Груевски и напиша: “Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал.
СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет.
Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат”.
Во најновата истрага обелоденета денеска Георгиевски како премиер и Груевски како поранешен министер за финасисии и уште 9 лица се осомничени за малверзации и перење пари при приватизација на Поштенска банка. СЈО за поранешниот градоначалник на Кочани бара и притвор. Но Георгиевски и Груевски нема да бидат гонети поради застареност на делото.

Total
0
Shares
Поврзани објави