ЕКСKЛУЗИВНО: Државна службеничка на распит во ЈО за малверзации со посвојување деца

Dosie.mk дознава дека денеска во Основното јавно обвинителство на распит била повикана службеничка од Министерството за труд и социјала за која се води предистражна постапка за мито и корупција при процес на посвојување деца. Ова е прв пат Основното јавно обвинителство да води ваква постапка и истражува дали службеничката Ленче К. која претходно во медиумите беше директно посочена како лице кое барало пари за да го дозволи финалниот постпис на посвоителката Кристина Кузмановска.
Случајот е од 2013та година, а Основното јавно обвинителство сега отвори постапка по допрен глас, откако сторијата беше објавена во медиумите и Детската амбасада Меѓаши го повика ОЈО да ги испита ваквите наоди бидејќи за тоа постојат повеќе сомнежи и индиции.
Околу распитот повеќе детали не се соопштуваат во интерес на предистражната постапка која во оваа фаза е тајна.
Министерката за труд и социјална политика прашана дали ќе ги истражува ваквите состојби во своето министерство, потврди дека ќе соработува со органите и ќе им ја обезбеди целокупната документација, но нема да истражува бидејќи не е истражен орган.

Total
0
Shares
Поврзани објави