ЕКСКЛУЗИВНО:Предмети поврзани со БЕГ делени на рака, АКМИСОТ 6 години не работи

Во Основниот Скопје 2 граѓани кои имаат долги судски спорови се жалат дека во судот предметите не се доделуваат на судиите по АКМИС системот (автоматска распределба на судски предмети) туку на рака. Ваквата распределба на предметите станала симптоматична кога на една иста странка предмет кој се враќа од Апелација или се отвораат нови предмети во врска со БЕГ му се повторуваат истите судии. Од странката е побарано и коментар и мислење од Претседателот на судот, но е добиен само општ одговор иако му се презентирани докази и конкретни предмети.

За ваквата состојба подолго време се алармира во медиумите. Една од информаците е дека во во март треба да се бира нов Претседател на Основен суд 2 Скопје.

Сегашниот претседател Илир Сулејмани два пати на мое писмено прашање “Дали моите судски предмети се делегирани кај судии сподед АКМИС системот, не ми дава конкретен одговор, вели нашиот соговник.

Предметите му ги напишав со број и јасно барав поединечно да се произнесе. Господиниот Претседател е главен во судот, а под него се сите оние кои одлучуваат во корист на монополот БЕГ. Ако некој сака да влијае на повеќе судии одеднаш се оди преку него, тврди странката која со години води битка во овој суд како и многу други засегнатаи со случајот БЕГ односно познато како Топлификација.

Неофцијално во овој суд АКМИС системот 6 години не работел. Се случува кај ист судија да се појават три пати предмети и сите одлуки се на штета на граѓаните, а БЕГ добива. Засегнатите ќе бараат и ќе пријават до Судскиот совет да испита како работел АКМИСОТ и доколку некој местел или делел предмети без овој систем да сноси одговорност, па потоа и повторување на судските постапки.

Илир Сулејмани е избран по падот на ВМРО – ДПМНЕ и е во телата за реформи во правосудниот систем и судиско медиумскиот совет , но и близок на партијата ДУИ.

По пријавата која следува од засегнатите граѓани до Судскиот совет и другите институции за испитување на АКМИСОТ ќе се провери дали и во судовите лојани партиски кадри работат совесно или во за нечиј интерес.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави