ЕКСКЛУЗИВНО : Пратеници кои ги отворија собраниските врати биле во телефонска комуникација со странство

Телефонска комуникација со Австрија и тоа со службен државен телефон сопственост на службите на Владата била остварена со петмината обвинети пратеници во моментот пред да ги отворат вратите, неофицијално дознава Dosie.mk. Обвинението за собраниските настани од 27 април кое денеска беше доставено до Кривичниот суд од Јавното обвинителство за организиран криминал открива детали кој со кого комуницирал во критичните моменти пред народот да влезе во собраниската зграда.Повеќе детали се очекуваат деновиве , а мал дел од обвинението беше презентирано во Јавното обвинителство.
Според доказите кои ги наведува обвинителството, по телефонска комуникација со Автрија , еден од пратениците остварил нова комуникација со лице кое било надвор пред Собранието со што обвинителството ја докажува нивната координација. Потоа пратениците со тројца обвинети од службите за обезбедување на Собранието, ги отвориле вратите со отстранување на заштитните греди и така овозможиле луѓето со фантомки на главите и граѓани да влезат во законодавниот дом. Потоа дел од обвинетите ги насочувале останатите обвинети кон пленарната сла и прес- центарот. Случувањата во зградата биле снимени од безбедносните камери , а лица од МВР сега обвинети ги украле снимените материјали.
Обвинителството располага со детални информации за организација на настаните и како што денеска беше соопштено групата обвинети се организирала преку телефонски повик во 14.30 часот , по што било мобилизирано членство од Скопје и други градови. Биле поделени фантомки и по претходен телефонски повик во 18.58 часот тргнале кон зградата на Собранието.
Деновиве во Кривичниот суд ќе биде разгледано поднесеното обвинение и ќе биде одлучено дали ќе биде прифатено. Обвинетите пратеници се во куќен притвор, а неколкумина обвинети останаа во притвор меѓу кои и обвинет кој носел пиштол, но не пукал кон пратеникот Зоран Заев оти , како што пишува во обвинението оштетениот бил заштитен од обезбедувањето и други лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кацарска до Судски Сoвет: Jавно кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, згрозена сум

Бев згрозена од изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, односно од нејзиното сведочење во случајот „Рекет“,  со оглед дека…