ЕКСКЛУЗИВНО : Мери Дика по влашка линија нов претседател на Апелација?

Вчера Судскиот совет на седница избираше член на советот на местото на Беќир Шаини. Избран е Сашо Ѓеоргиев од Штип близок до врвот на сегашната владеачка гарнитура. Членот е биран со бадентер бидејќи се бира место кое припаѓа на националностите.
Кандидати за ова место беа Насер Хаџиахмет Агиќ од Кривичен , Сафет Кадриу од Апелација Скопје , Сулејман Мемети од Скопје 1 и уште еден кандидат.
Според сознанија на dosie.mk избран е Сашо Ѓоргиев од Штип оти СДСМ и ДУИ се испазариле за главен државен правобранител да биде избран Фехми Стафа службеник од Кривичен суд , а за член на Судски совет Влав по националност бидејќи е малцинска листа.
Албанците го отстапиле ова место , бидејќи веројатно Мери Дика која е влаинка ќе биде сериозен кандидат за претседател на Апелација Скопје, а на нејзино место ќе дојде албанец . Сега по “бадентер” во Судски совет со најнвиот избор заедно има тројца власи и тројца албанци.
До скоро најсериозен кандидат за оваа позиција беше поранешната претседателка на Кривичен суд Добрила Кацраска.

Total
0
Shares
Поврзани објави