ЕКСКЛУЗИВНИ детали од состанокот на судиите во Кривичен : “Зошто ме менувате кога 15 години сум кривичар”

Денеска во кривичниот суд се одржа колегиум на кој присустваа повеќето судии од најголемиот суд во државата односно околу 50 тина. Ним претседателот на судот Иван Џолев им го соопштил новиот распоред според кој многумина од прекршоци се враќаат во “заграда” како што велат судиите, а дел кои беа актуелни последниве неколку месеци одат во бараките во парк.
Колегиумот поминал мирно што и се очекуваше со оглед дека последниов период колегите кои биле во контакт со претседателот на судот тивко го искажале својот став дека каде и да се распоредени нема да поднесат приговори.
Така и на колегиумот од 50 тината судии само еден се побунил и му рекол на претседателот :”Зошто ме менувате кога 15 години сум кривичар”, на што му било одговорено дека на досегашното место слабо решавал предмети.
На седницата не присуствувал поранешниот претседател Владимир Панчевски, кој е во одделот за прекршоци и до сега имаше многу недоразбирања и јавни препирки со новиот претседател.

Total
0
Shares
Поврзани објави