Затворската казна од 2 години за експремиерот Никола Груевски ја потврди Апелациониот суд Скопје. Казната е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“. Казната на осудениот Ѓоко Поповски му е намалена од шест и пол н ачетири години и шест месеци затвро.
„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, соопшти Апелациониот суд во Скопје.
Во 2011, МВР донело одлука за купување блиндирано возило најмногу до 243.000 евра, поради осиромашениот буџет на министерството, но под влијание на тогашниот премиер Никола Груевски со барања за луксуз, Гордана Јанкулоска како министер потпишала одлука за набавка на ново возило од речиси 600 илјади евра.
Поврзани објави
ХАОС ВО КРИВИЧЕН : Судии се караат за бироа и ги влечат по ходници
Големата преселба на судиите и адинистрацијата во скопскиот Кривичен донесе многу кавги и непријатни ситуации во судот, велат…
Обвинителството ќе бара притвор за приведените за случајот “Делчевски ниви”
Обвинителството ќе бара притвор за осомничените во случајот „Делчевски ниви“, за кој вчера Управата за финансиска полиција поднесе…
Лиле Стефанова со активности за скрининг на правосудството – одложено судењето за изборни нерегуларности против Груевски, Димовски, Бришковска и други
Денешното рочиште за предметот Титаник се одложи поради отсуство на обвинителката Лиле Стефанова. Таа го известила Судот дека…
Преспанскиот договор денеска на дневен ред на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 40. седница на која е предвидено да се дискутира за осум иницијативи…